Јованов: На лагата ѝ се кратки нозете, на ДПМНЕ уште пократки

На лагата ѝ се кратки нозете, на ДПМНЕ уште пократки. Според лидерот им, овие 5000 потписи, кои за 3 дена, граѓани ги дадоа за проф. Ванковска, биле од сдс и дуи, реагира на социјалните мрежи проф. Тамара Јованов.

– Значи сега има 5000 плус граѓани кои знаат дека “лидерчето” лаже, оти никој не знае подобро од нив дека не се платеници на сдс и дуи. Со лажење, држава не се води, изјави Јованов.

Професорката на луѓето од ДПМНЕ им порача и дека оваа лекција досега требаше да им биде научена.