За три дена Ванковска собра 4.478 потписи

За три дена, до вчеравечер, од претендентите за претседателска кандидатура, најмногу потиси има собрано Бујар Османи од ДУИ. По него, втор по број на потписи е Максим Димитриевски од ЗНАМ со 5.923 потписи. Потоа, трета е Билјана Ванковска од Левица со 4.478 потписи.

Стевчо Јакимовски од ГРОМ собрал 3.091 потпис, а за Арбен Таравари се потпишале 1.645 лица. За Мерсиха Смаиловсиќ од Бошњачката партија се потпишале 523 лица.

Послабо котираат Вело Марковски кој има 433 потиси, Ѓорѓи Манасков со 93 питиси, Зорица Цветковска со 74 потписи.

Најдолу на листата се Томе Николовски со нула потписи и Господин Поповски кого го поддржале 10 лица.

За кандидатура се потребни 10.000 потписи.