Апасиев: Народе, за еден викенд собравме скоро пола од потребните потписи

Народе, за еден викенд собравме скоро пола од потребните потписи! Со оглед на тоа дека и учките од ДУИ уште немаат собрано, и покрај целата нивна машинерија и клиентела – тоа ни кажува дека нашата структура воопшто не е слаба, објави лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

-Вашата поддршка во процесов е суштинска! Затоа, продолжуваме со исто темпо. Нашите волонтери се на терен. Потпиши се за Ванковска и денес! Ако си на работа – потпиши се на пауза. Ако не можеш на пауза, потпиши се после работа (канцелариите на ДИК работат секој ден – од 8:00 до 20:00 часот), посочи Апасиев.

Крајниот рок за собирање на потребните 10.000 потписи истекува на 8 март.