Министерот во најава и екс-градоначалник Тимчо Муцунски ја остави општината да се гуши во фекалии десет дена

Додека жителите на Скопјанка протестираат поради тоа што се гушат во Фекалии веќе десетти ден, нашиот градоначалник… упс идниот министер за надворешни работи во најава Тимчо Муцунски си го угостува својот партиски шеф Мицкоски и се смешка пред камерите. Најверојатно се смее на сите жители на нашата општина како ги изманипулирал, велат од Левица.

-Вакво недомаќинско работење со општината го надмина дури и најнеспособниот до вчера градоначалник Марин. За да го надминеш Марин во неспособност треба сериозно да си многу „талентиран“.