Од приватизацијата на „Треска“ останавме без 24 плати, неплатен стаж и ускратени за правото на пензија

  • Интервју на вечерашниот протест со еден од поранешните вработени во фабриката „Треска“, кој обелодени дека не е јасно како се продадени 92% од акциите на фабриката, по што работниците останале со 24 неисплатени плати, на дел од нив им фали стаж и до 15 години, а огромен дел од работниците не можат да го остварат своето работничко право на пензија. Во прилог ви ја пренесуваме целата изјава на револтираниот работник:

Се собравме овде да го искажеме револтот до Стечајниот управник и до целата Власт. Значи, од 2005 година сме во стечај, имаме 24 неисплатени плати и уште година и пол неисплатен стаж повеќе.

Стечајниот управник цела година не доаѓа, наводно е болен. Бевме секаде: Обвинителство, Народен правобранител, Заменик народен правобранител, финасова полиција, за овие 18 години нема каде не бевме. Од никаде ништо не добивнме, не добивме ни еден позитивен одговор.

До сега сите што беа на власт ветуваа дека ќе регулираат. Болно е да работиш на -25 степени, да мрзнеш, ниту парно, ниту ништо и одеднаш да речат платите не важат. Како е можно за нив да има за нас да нема.

24 плати имаме неисплатени, сите сме на минимална пензија. А, има луѓе што не добија пензија, имаат и по 15 години неисплатен стаж. На многумина им фалат, таа година и пол стаж. Затоа се собравме, не знаеме каде да одиме. Бевме и во Влада, ништо.

Сите знаеме дека „Треска“ беше наша. Дека 92% беа на треска, што се направи со таа денационализација, и како успеа да ги земе тие 92% ни е нејасно. Стечајниот ја продаде за ич пари, и од тие пари сега не можат да не исплатат.