Конфликт во срцето на Европа нема да биде од корист за никого од европските народи

Статус на Реџеп Исмаил (Хактан) – член на Президиумот на Левица.


Додека Франција и Германија, независно од НАТО алијансата (САД и Британија), водат преговори со Русија околу состојбата во Украина, министер за одбрана на Македонија изјавува дека, ние (како држава и народ) сме биле спремни (?!) да придонесеме кон каузата на НАТО алијансата за “дисциплинирање” на Русија!?

Бидете реални министерке: ние не сме спремни за ништо! Ние сме доведени во состојба да сме само еден вид автопат и воен полигон на САД, кои со тешка артилерија се во одбрана на нивните национални интереси, илјадници километри далеку од границите кои ги врамуваат граѓаните, кои им дале легитимитет да управуваат со таквиот воено-индустриски комплекс.

Вашата поддршка и афирмација на ова планетарно зло во име на нашиот народ, министерке, освен што е сулуда, срамна и помалку траги-комична; таа и не може никако да се ефектуира, меѓу другото и поради тоа што таквата политика кон Русија и сеење мржња кон нејзиниот братски народ, нема никаков легитимитет и поддршка меѓу македонскиот народ, кој, прочем, да ве потсетам доколку сте заборавиле, вас и ве бира.

Или пак, министерке, оваа политика на Македонија низ пазуфите на НАТО, можеби е дел од исполнување и реализација на мултикултурните права во државава – дали и ова е дел од т.н. “бадентерово масло” – во Македонија, реално, се е ограничено и детерминирано од бадентер, многу повеќе одколку од Уставот на пример.

Конфликт во срцето на Европа нема да биде од корист за никого од европските народи, од таквата состојба единствено ќе профитираат оние кои, неможејќи да ги прифатат “трендовите” на мулти-поларната реалност во светот, се обидуваат преку трупа да влијаат на дестабилизација на состојбите далеку далеку од границите на народите за и пред кои се одговорни.

#незанато