Левица: Се повеќе граѓани се жалат дека се одбиени за надоместок за туѓа нега

  • Реакција на Левица – Социјален сектор

Секојдневно се повеќе луѓе се жалат дека им е ускратено правото на туѓа нега, иако реално имаат потреба од неа.

Лица со инвалидитет, лица кои се неработоспособни и на кои единствени приходи им се социјалните надоместоци, се одбивани од Комисијата, со што некои од нив остануваат без никаков приход.

Во иста состојба се и лицата кои што користеле привремена инвалидска пензија, која подоцна им е укината, а работното место не им е сочувано.

‼Надлежните органи често пати не ги земаат предвид околностите, како и загрижувачкиот факт дека нечија егзистенција е загрозена и одговорноста се префрла од една на друга врата каде што сите овие лица се соочуваат со еден бел ѕид на кој нема одговор.

Оваа ненародна власт, место да ги згрижи лицата кои не можат самите да се грижат за себе , за жал крати средства од тие на кои што им е најмногу потребна.