По падот на Варшавскиот пакт, НАТО е реликвија која треба да се укине

  • Фејсбук статус на Јован Крјаевски – член на Централниот Комитет на Левица.

НАТО е основано на 4 април 1949, на почетокот на Студената Војна, со цел здружување на империјалистичките сили против Советскиот Сојуз и против анти-колонијалните и народно-ослободителни движења кои земаат замав во Азија, Африка, на Блискиот Исток и во Јужна Америка.

НАТО испраќа јасна порака до светот дека се анти-комунисти, десничари и милитаристи со тоа што на клучни позиции поставува членови од германската Наци партија, меѓу кои (однапред извинување ако некоја “титула” лошо сум ја превел):

-Адолф Хојзингер, поранешен Шеф на Операции во Вишата Команда на Нацистичката армија, како претседател на Воениот комитет на НАТО.
-Ханс Шпајдел, поранешен наци поручник кој служел под маршалот Ервин Ромел, како надгледувач на интеграцијата на Западна Германија во НАТО.

Под надзор на ЦИА и МИ6, НАТО интегрира поранешни нацисти во својата војска кои активно работат против левичарските движења на европско тло, учествуваат директно во многу воени потфати (меѓу кои и Операцијата Гладио) и ја заплашуваат јавноста од баукот на комунизмот.

По падот на Варшавскиот пакт, НАТО е реликвија која треба да се укине. Наместо тоа, после 1990, НАТО ги насочува силите кон комплетен распад на Југославија. Иронично, нивното бомбардирање на Србија создава еден милион бегалци со албанска етничка припадност – иако НАТО тврди дека баш Албанците ги спасува.

И после распадот на Југославија, во 2008-ма НАТО официјално изјавува дека нејзиното проширување на Исток ќе биде третирано како воена закана од страна на Русија. Сепак НАТО продолжува да се шири, да обучува наци парамилитарни батаљони во други земји и да бара начин да ја ескалира ситуацијата. Во 2018 Пентагон дури и најавува дека се подготвува за голем конфликт со Русија и Кина.

Денес, тој конфликт е отпочнат и виновник за истиот е таа воена реликвија НАТО која веќе 73 години се служи со фашистички методи за да владее со светот. Денес, „WeAreNato“ – Уште ли мислите дека утре, кога нештата ќе стивнат и нашите деца ќе учат за фашистите во редовите на НАТО и за фашистите кои НАТО со години ги обучува, дека нас ќе не учат како држава која била на исправната страна на историјата?