Кина и Франција ја направија првата трансакција во јуани за купување на течен природен гас

Француската „Тотал енерџис“ купи околу 65.000 тони течен природен гас (ТНГ) од кинеската национална нафтена компанија кој беше платен во јуани.  Со тоа овие две компании ја направија првата трговска трансакција во јуани која одеше преку Шангајската берза за нафта и природен гас, објави берзата, повикувајќи се на „Business Times“.

Кина ја фаворизира трговијата со нафта и гас да биде во јуани за да ја воспостави и зајакне својата валута на меѓународно ниво и да го ослабне влијанието на американскиот долар во меѓународната трговија.

Уште во декември минатата година, при посетата на Саудиска Арабија, кинескиот претседател Си Џинпинг најави дека Кина целосно ќе ја користи Шангајската берза како платформа за трансакции поврзани со трговијата со нафта и гас во јуани.

Првата меѓународна трансакција со ТНГ во јуани е значаен обид да се промовира повеќевалутно плаќање, порамнување и прекугранично плаќање во меѓународната трговија со ТНГ, рече Гуо Су, кој ја предводи Шангајската берза.

Заменик генералниот директор на Кинеска национална нафтна компанија Ју Џин, нагласи дека трансакцијата со јуани ја промовира глобализацијата на трговијата со енергија и гради дивирзификуван екосистем за тргување со ТНГ.