Јанески: Младите ќе ги предводат геополитичките промени во Светот

  • Обраќање на Марио Јанески – претседател на Црвена Младина

Во рамките на Младинскиот Форум за Развој „МОСТ на иднината”, (кој се одржува во Пекинг, претседателот на Црвена Младина – Марио Јанески во своето обраќање ги адресираше проблемите со кои се соочуват младите во Македонија:

  1. Огромна социјална нееднаквост;
  2. Невработеноста кај младите;
  3. Неквалитетното образование;
  4. Социјална исклученост;
  5. Нерешено станбено прашање

Притоа, Јанески ги потенцираше спрегите помеѓу разните НВО-а, неолибералната пропаганда и националните предавства, како главни предизвици и пречки за подобрување на животот на младите, напоменувајќи ја и визијата на #Левица за регионална и глобална соработка на младите од Централна и Источна Европа со Народна Република Кина и земјите вклучени во иницијативата Појас и Пат.

Н.Р Кина ја препознаваме како клучен фактор во создавањето на новиот мултиполарен свет и младите со визија и храброст имаат одговорност да ги предводат геополитичките промени кои се случуваат во светот.

Во униполарен свет, каде што една хегемонистичка суперсила ги разрушува земјите со мала и средна политичка, економска и воена моќ, младите од истите земји немаат друг избор освен да се иселуваат, и затоа Левица ќе продолжи да ги зацврстува и продлабочува своите врски со сите држави.

Во знак на благодарност и со надеж за понатамошна долгорочна заедничка соработка на младите од Македонија и НР Кина, на организаторите им подаривме една од 150-те монети со ликот на Гоце ДЕЛЧЕВ, која беше издадена од страна на Левичарскиот институт – Рацин, во чест на 150 годишнината од неговото раѓање.