Советникот на Левица, Круме Богевски, одби средба со Митко Јанчев

Од страна на старо-новиот градоначалник на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, кој своевремено партиципираше и во ВМРО-ДПМНЕ и во СДСМ, беа поканети новоизбраните советници во општината на „утринско кафе“. Советникот од редовите на Левица, Круме Богевски одби да присуствува на истата средба. Тој смета дека оваа покана од Јанчев е со цел да се воспостави уште еден нем советнички состав каде се гласа без право на збор. Богески нагласи дека нивните разговори ќе бидеат исклучително на Седниците на советот.

„Ја одбив поканата за “утринско кафе” кај градоначалникот кој ќе се обиде да воспостави уште еден нем советнички состав каде се гласа без право на збор!

Одлуките ќе се донесуваат во сала, со пренос во живо, за народот кој не одбрал да е свесен што му се случува. Шминката не поминува во уште 4 години!

Се надевам дека не сите од техничката служба во општинската зграда се партиски вработени, па има барем еден што знае да пушти лајв стрим.

Се гледаме на конститутивна седница! Не за кафанска коалиција!“ – Напиша Богески на својот фејсбук профил.