(ВИДЕО) Ванковска: Ова е момент од круцијална важност за државата

Сфатив дека ова е момент од круцијална важност за државата и дека не можам да си го дозволам луксузот да бидам салонски интелектуалец, изјави во интервјуто за ЕМ телевизија, Билјана Ванковска, која беше прашана зошто се одлучила да ја прифати понудата на Левица за кандидатура на претстојните претседателски избори.

Таа се осврна на претстојната кампања, за која најави остра дебата со противкандидатите.

– Јас сум за тоа во оваа дебата наметнам еден нов начин на дебата со моите противкандидати, без крупули, без многу страв кој како ќе ме сфати, јас ќе ги кажам работите со вистинско име – вели Ванковска.

Целото интервју можете да го погледнете во видеото: