Социјализмот доаѓа – Британските благородници предупредуваат на колапс на западниот капитализам

Истакнати членови од Горниот дом во Домот на лордовите во Велика Британија, во кои има банкари и милионери, предупредија во заеднички коментар во лондонски „Телеграф“:

„Ние сме на пресвртна точка… Западниот капитализам се распаѓа.  Младите ја губат вербата во економскиот систем кој залута“.

Тие предупредија: Проблемот не е само во економијата. „Се соочуваме со криза на политички и економски легитимитет“. Дали знаете како е да се живее како млад човек кој никогаш нема да може да си дозволи куќа, експлоатиран работник во фабрика или родител загрижен за иднината на своите деца – се ова фрла сомнеж врз кредибилитетот на нашиот систем на слободно претприемаштво“.

Социјализмот како решение

Со великодушно признание дека „никој од нас не е слеп пред фактот дека нашата индустрија“ – финансиската – сноси одредена одговорност, дел од  богатите англиски благородници укажуваат дека клучниот момент во 21 век била светската економска криза во 2008 година, која беше изразување на „прекумерна човечка алчност“ што резултираше со „широка недоверба кон институциите“ – бидејќи загубите станаа социјални, додека придобивките на вторите (од печатење пари) беа приватизирани – и од ова следеше „губење на илузиите за капитализмот“. Така што „ширум Западот, мнозинството – а во Велика Британија апсолутното мнозинство – младите луѓе на возраст меѓу 18 и 34 години претпочитаат социјализам“.

Така, за да ја квантифицираат денешната ситуација, нудат податоци дека во САД од 2009 година просечната цена на куќите е двојно зголемена, додека просечната плата во исто време се зголемила за само 49 проценти, значи, процентуално, четири пати помалку. Во Австралија генерацијата Z е првата која заработува помалку од нивните родители, додека во Велика Британија е уште полошо бидејќи претходната генерација, милениумците , се полоши од генерациите пред нив.