Зеленски извиси во финалето на Изборот за песна на Евровизија

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) го отфрли барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски да се обрати со видео порака на финалето на Изборот за песна на Евровизија во сабота навечер, пренесува ТАСС, повикувајќи се на претставник на асоцијацијата.

ЕБУ го нарече Евросонг „меѓународно забавно шоу, чиј еден од темелите е неполитичката природа на настанот“.

„Овој натпревар забранува политички или слични изјави. Барањето на господинот Зеленски да зборува пред евровизиската публика, иако е направено со чесни намери, за жал не може да биде одобрено“, се вели во соопштението.

На ваквата одлука реагираше портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова , која оцени дека украинскиот претседател ќе им биде достоен конкурент на овогодинешните натпреварувачи.

„Срамота е, не требаше ова да му го направат. Оваа година Владимир Зеленски би им бил достоен конкурент на учесниците на Евровизија“, напиша Захарова на Телеграм.

Европската радиодифузна унија од безбедносни причини го пресели изборот за Евровизија 2023 година од територијата на Украина, која лани победи во Ливерпул. 

Русија беше исклучена од Изборот за песна на Евровизија во февруари 2022 година. ЕБУ ја објасни оваа одлука со загриженост за кризата во Украина, истакнувајќи дека „учеството на Русија може да наштети на угледот на натпреварувањето “.