Ванковска: И покрај проблемите ги собравме потписите, на дебатите ќе видиме кој и што нуди?

Во кратко телефонско обраќање во емисијата ,,Стадион” на радио Канал 77 проф. д-р Билјана Ванковска ја изрази благодарноста до сите кои ја дадоа поддршката за нејзината претседателска кандидатура.

Таа истакна дека процесот го минуваше и пред 10 години и дека од тогаш до денес ништо не е подобрено, а граѓаните од руралните средини се маргинализирани во остварувањето на правото како избирачи!

Професорката со возбуда ги очекува телевизиските дебати со останатите кандидати и очекува токму во дебатите да се види што може да понуди секој од кандидатите!