Мециновиќ: Додека од ДПМНЕ научат да се логираат на Фејсбук, ние издоминиравме

Доаѓаат советници на ДПМНЕ во град Скопје, кога објавивме дека Ванковска ќе биде кандидат за претседател и почнуваат не знам воопшто на кои медиуми ќе се појави или вие ќе се појавите. Значи они дур научат да се логираат на Фејсбук, дур им текне дека ние всушност доминираме таму, затоа ќе бидат изненадени, вели Амар Мециновиќ од Левица.

– Тој мене ми вели дека Сител и Телма мене ќе ме спречи да дојдам до луѓето – истакна Мециновиќ во емисијата „Тешки муабети“ на Инфомакс.