Очигледно безидејното ДПМНЕ, наместо да ја руши квинслишката власт, единствено е насочено да ја саботира работата на Левица, велат од партијата.
-Денеска, пред зградата на Општина Охрид каде се наоѓа канцеларијата на ДИК (Државната Изборна Комисија), активистите од Левица, кои со мал штанд делеа флаери за собирање на потписи за кандидатот на Левица – претседател на Република Македонија, Професор Доктор Билјана Ванковска, ги дочека Комунална инспекција.
Комуналната инспекција се закануваше дека активистите на Левица не смееле да поставуваат штанд, по директна наредба на Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид и Александар Китески – Секретар на Општина Охрид.
-Ова е само дел од низата на притисоците на неспособното ДПМНЕ, кои во континуитет се насочени кон единствената автентична опозициска опција. Народот тоа го препознава и затоа Левица е единствената партија во пораст, што очигледно ги плаши истрошените партии од широката коалиција. Активистите на Левица во Охрид остануваат на терен и ги повикуваме Охриѓани да ни се приклучат во борбата, додаваат од Левица.