СДС и ДУИ станаа најголемите анти-европски партии

  • Став на Марио Јанески, претседател на Црвена Младина

Со прифаќањето на протоколот и преговарачката рамка СДС, ДУИ и останатите партии кои го гласаа овој предлог официјално станаа најголеми анти-европски партии.

Со вакви наметнати услови ние нема никогаш да станеме дел од ЕУ. Или ќе треба да не протераат сите македонци од државата или ќе останеме вечно заглавени.

Не можам да ја сфатам кусогледоста на нашата дипломатија. Вистински држави имат визија за наредните 50 години, а не купи-ден помини политика од која ќе имаме фатални последици.

За тоа е доказ Преспанскиот договор, кој под силен притисок го прифативме, а со тоа се отвори пандорината кутија и воедно не добивме ништо. Во 3 реда на ништовно парче хартија ни ја дефинираа нацијата и идентитетот што е светски преседан од невидени размери. ЕУ тоа го дозволи и затоа допрва ќе ги трпи последиците. Сакале тие или не Балканот припаѓа на европско тло, но нивната политика дозволи преседани кои ќе го оддалечат Балканот од Европа уште долго, долго време.

Со прифаќањето на францускиот предлог ќе се отворат и многу други горливи прашања на балканот, а нема да се затворат како што тие тврдат. А последиците ќе ги гледаме во иднина. Македонија си ја запечати својата европска перспектива, не поради Бугарија или Грција, туку поради кусогледоста и неспособноста на нашата дипломатија.

Светскиот поредок се менува, геополитичките влијанија исто така. Време е да размислуваме и антиципираме стратегии и визии за 2070, а не за 2024. Држава се гради со визија, а не со вазалство.

Важно е дека народот кажа НЕ, и со тоа даде легитимитет и порака на идните политичари, државници и влади да не отстапуваат од волјата на народот.

А овие квислинзи кои го игнорираа народот, ќе си лежат.

Ништо не е готово, борбата само што започнала.

#НиштоНеЕГотово#ЌеПобедиме