Претседателот на Асоцијацијата на џамијата “Сулејман“ во Мариупол ја демантираше веста дека џамијата е гранатирана

Претходно, од страна на украинската Влада беше соопштено дека џамијата во Мариупол „Кануни Султан Сулејман“, која е засолниште на околу 80 цивили, меѓу кои имало и граѓани на Р.Турција, била гранатирана од страна на руските вооружени сили. 

Сепак, ваквата информација беше демантирана директно од страна на Претседателот на асоцијацијата на самата џамија за која станува збор, Исмаил Хачиоглу, кој во изјава за Агенција Анадолу, турска новинска агенција, рече дека областа околу самата џамија била во оган но дека сама џамијата не е погодена. 

Наведувајќи дека веста за џамијата „Кануни Султан Сулејман“ во Мариупол не ја отсликува вистината, Хаџиоглу изјави: „Судири се случуваат во соседството на два километри од џамијата. Вчера падна ракета на 700 метри од џамијата. Но во самата џамијата нема штета. Нема проблем ниту со здравствената состојба на оние што останале таму“. Тој уште додаде дека е во контакт со Министертсвото за надворешни работи на Р. Турција и дека во скоро време ќе биде овозможена евакуација на луѓето кои сега престојуваат во џамијата.