Кадри на ДУИ се закануваат со војна

Шкодране Дардишта, која беше поставена за директорка на Клинички центар и е кадар кој произлегува од ДУИ, денес објави провокативен статус на својот фејсбук профил, со означена локација во „Илирида“ заканувајќи се со војна.

Превод “Се уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале после војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него”.

Овој фејсбук статус доаѓа во сензибилен период, односно по објавувањето дека опозициските партии имаат мнозинство во собранието и дека е отворена можноста за прв пат во својата историја ДУИ да оди во опозиција.

Вчера, по објавувањето на оваа вест, во соопштение до јавноста, пратениците кои го обезбедија мнозинството во собранието, СДСМ ги нарече нацисти и фашисти. Денес членови на нивниот коалиционен партнер отворено се закануваат со војна. Интересно е да видиме, дали од СДСМ ќе го осудат ова дело и дели истото го оценуваат како проевропски настроено.

За ваков повик, безбедносните служби на државата не смеат да останат пасивни, а воедно се отвара и прашањето кому членството во НАТО му гарантира безбедност. Дополнително, засега нема ниту една осуда од невладините организации, Хелсиншкиот комитет за човекови права, ниту пак од ОБСЕ, кој го носи приматот во борбата против говор на омраза во Република Македонија.

Членот на президиумот на Левица, Јована Мојсоска, објави за овој настан и потенцираше дека ваквите закани од страна на медиумите не се третираат воопшто сериозно.

Додека медиумите се заситени со вести за како Левица ги загрозува фамозните евроинтеграции со ставот за Преспански договор, молк за заканите кои доаѓаат од амнестирани терористи.