Јованов: Планираш да живееш во Македонија? Потпиши се за Ванковска!

Планираш да живееш во Македонија? Сакаш да имаш татковина, каде и да си? Тогаш ја имаш најголемата политичка одговорност за твојата и нашата колективна иднина, досега! Сите знаеме до каде стигнавме во овие 33 години под власт де на сдс, де на дпмне. Никој не мора да ви кажува, си сеќавате секојдневно, на своја кожа, порача Тамара Јованов.

-Вака уште долго не тераме и тоа ни е јасно, оти ќе останеме без млади и без работници. После тоа, се’ ни е џабе. Решението не е увоз на други луѓе, туку запирање на егзодусот на нашите и средување на државава да посакаат дел и да се вратат. Затоа, нужно е пред се’ да почнеме да ги менуваме сдс и дпмне од клучните позиции, кои ги злоупотребуваат. Сега имаме можност. Да почнеме од претседателската позиција. Да не ја оставаме само на сдс и дпмне и дуи, за да биде како досега! Проф. Билјана Ванковска е најсилниот кандидат за претседател меѓу сите понудени – и по знаење и по храброст и по чесност! Нејзините идеи се радикални, но нужни за Македонија – вели таа.

Тамара Јованов на своите следбеници на социјалните мрежи им по рача и да се потпишат за Ванковска, за таа да влезе во трка.

– Да си ги соочат аргументите. Да видиме кој заслужува позиција од која сака да менува, а кој глуми дека заслужува. На нас граѓаните е. Ако сега не си ја одиграме својата улога на свесни граѓани, никој нема да ни биде виновен за она што ќе следи, ако политичкиот простор го оставиме на аждаите, како досега. Потпиши се за проф. Ванковкска. Ова е борбата што вреди!