Мојсоска: Деновиве републиката е црвена

И како да не ти се полни душата, кога го гледаш полетот и ентузијазмот на илјадници искрени поединци, без уцени и закани, како 24/7 се борат за каузата во која веруваат, пишува Јована Мојсоска од Левица.

-Дечки и девојки кои не се плашат, кои не трчаат за да се ухлебаат во администрација, кои пркосат на притисоците од гнасните подмолни игри на аждаите Дпмне-Сдс-Дуи. Поединци кои се свесни за историскиот момент во кои се наоѓа Републиката и кои одбиваат да бидат неми и апатични набљудувачи, туку даваат се’ од себе да оставиме подобар свет за идните генерации од оној кој сме го наследиле.

Таа верува дека „енергијата кога веруваш во каузата за која се бориш не може да се одглуми и знам дека еден член на Левица вреди како за 100 купени членови од партиите на естаблишментот“.