Ванковска: Јас немам зборови да им заблагодарам, а тие не ми дозволуваат ни да кажам фала

Ние не правиме “дилови” со цели групи кои и не знаат за кого потпишуваат, ниту со големите партии! Овие млади и не толку млади луѓе трчаат низ цела Македонија со посветеност и убеденост дека јас сум таа што најдобро ќе ги претстави нивните гласови и нашата Македонија, објави на социјалните мрежи Билјана Ванковска, кандидатката за претседател на Левица.

– Јас немам зборови да им заблагодарам доволно, но тие не ми дозволуваат ни да кажам “фала”. Ми даваат енергија ама и чувство на одговорност дека никогаш не смеам да ги разочарам. Од мене бараат само да си бидам јас, таа што ја читаат и слушаат, и да не берам гајле. И да се спремам за ТВ соочувањата. Мојот прекрасен тим на волонтери, вели Ванковска.