За ваков понижувачки и непријателски чин Македонија треба веднаш да го протера бугарскиот амбасадор!

Шовинистичката и негаторска политика на Бугарија денес од ново со провокација врз Македонците и Македонија. Имено бугарската амбасада на пост на фејсбук се пофали дека положила цвеќе на гробот на Гоце Делчев, со наратив дека е бугарски револуционер. Ова во нормална држава веднаш би предизвикало реакција, па дури ако нема извинување би следело и прогласување на амбасадорот за “непожелна личност”, “persona non grata” и негово протерување од Македонија.

Една величествена мисла од самиот Делчев е пригодна за приликава :

Македонија има свои и интереси и своја политика.Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец.

Во продолжение само би заокружиле со статусот на Професорот Љубомир Цуцуловски :

ШТО ИМ БЕШЕ? Што им беше на бугарските власти есента 1946 година, при здрава памет и чиста совест, да дозволат моштите на Делчев да бидат пренесени од Бугарија во Македонија? Притоа, ковчегот да го помине патот од Софија до Скопје, минувајќи низ повеќе градови и села во Пиринска Македонија, проследен со длабока народна почит и респект како кон еден од најголемите македонски револуционери. Сега, како „европеизирана“ земја, вообразувајќи си дека е многу моќна, Бугарија повторно ја негира македонска припадност на Делчев. Во голем занес, „европеизираната“ Бугарија, повторно го заборава своето минато: дека како фашистичка земја потпиша (пред силите на СССР/Црвената армија) безусловна капитулација на 9. септември 1944 година. Претходно (1943/1944), повторно како фашистичка земја, беше бомбардирана од Сојузничката авијација на САД и Обединетото Кралство. Денес, без какво и да е достоинство и срам, сеедно што на 13.12.1941 им објави војна (ни повеќе, ни помалку) и на Америка и на Кралството, е во братска прегратка со Америка, макар што речиси до скоро беше во братска прегратка со СССР. Само малку претходно, со Нацистичка Германија. Чудно е како бугарските власти и интелектуалци никогаш и ништо не научија од историјата.

ШТО ИМ БЕШЕ? Што им беше на бугарските власти есента 1946 година, при здрава памет и чиста совест, да дозволат моштите…

Posted by Љубомир Цуцуловски/Ljubomir Cuculovski on Tuesday, May 4, 2021