Апасиев: Неотворање врата на попишувачите не е кривично дело, се работи за блеф на Владата

Во изјава за Канал 5, претседателот на Левица децидно објаснува дека, според нашето кривично право, нема кривично дело без да има Закон, а во Законот единствено предвидено кривично дело е – уништување на пописен материјал!


„Се друго е шпекулација, тоа значи дека не постои кривично дело за организирање Бојкот, или неотворање врата на попишувачите, така што тоа е блеф на Владата“, потенцира Апасиев.


#НеОтворамВрата