Левица: Мајка раководител ја вработува ќерката како инспектор во истиот ДПИ

Државниот пазарен инспекторат претворен во фамилијарно дувло на СДСМ. При распишувањето на конкурс за вработување од страна на ДПИ се случува тотален непотизам под изрежирани околности. При полагање во Aгенцијата за администрација под наместени околности од страна на комисијата, им се дадени прашањата и одговорите на тројца кандидати кои препишуваат од мобилните телефони, се вели во соопштението од Левица.

„Една од кадидатите е Михаела Талевска, ќерката на раководителот на Државниот Пазарен Инспекторат – Одделение за инспекциски надзор Битола, Лилјана Талевска која се вработува како помлад инспектор во Одделение за инспекциски надзор Битола.

На првата слика, првите тројца кандидати кои се обележани со зелена точка, се’ кандидати кои првата и втората фаза ја завршиле со најмногу бодови, додека кандидатите кои се обележани со црвена точка, се’ кандидатите кои не оствариле добар резултат, иако ги препишувале прашањата дадени од комисијата од мобилните уреди за кои и поседуваме видео снимки како докази. Една од кандидатите кои не оствариле добри резултати е ќерката на Лилјана Талевска – Раководител на ДПИ – Битола.

На втората слика, кандидатите обележани со црвено кои не ги поминале двете фази со доволен број на бодови, се наоѓаат на првите три места, односно истите кандидати кои препишувале од мобилните уреди.

Последната трета фаза која носи крајни и клучни бодови е основно интервју со кандидатите кое го прави комисија за вработување составена од членови при Агенцијата за администрација и институцијата во која треба да се вработат кандидатите во случајот ДПИ, истата таа агенција за администрација која и покрај тоа што согласно закон тестирањата ги спроведува под видео надзор кој јавно и во реално време се емитува на нивната веб страна, дозволува вакво прекршување на законот и полагање на Државниот испит за административен службеник со препишување.

Кандидатите кои биле највисоки рангирани, на втората слика (бодови од трета фаза) се најниско рангирани, додека тројцата наместени партиски кандидати на сдс се највисоки оценети со максимални 20 бодови, а со тоа стапува одлуката за избор на кандидат по јавен оглас за вработување на административен службеник на кое се наоѓа лицето Михаела Талевска, ќерка на Лилјана Талевска-раководител на ДПИ-Битола. Левица бара од надлежните институции да отворат постапка за ревизија на конкурсот, одземање на видео материјалите ѝ истрага за целата постапка“, тврдат од партијата.