Илиевски: Македонија со хибриден криминален режим

Пишува: Ѓорѓи Илиевски, виш просветен инспектор

На големиот христијански празник Петровден, ми се отпечати книгата МАКЕДОНИЈА СО ХИБРИДЕН  КРИМИНАЛЕН РЕЖИМ,  се поместени мои трудови, колумни, анализи, преставки, пишувани во 2020/2021 година( до мај оваа година).

Во книгата се поместени она што го покажува практиката Перцепцијата за криминалот и корупцијата која е во секоја пора од делувањето и работењето на оваа влада. Поставените извршни институции од владата кои се нефункционални. Партизирани институции. Царува криминалот и корупцијата од сите институции и тоа од здравствените тендери до некакви провизии во ова време невреме, од доживувањето на пандемијата и големиот број на жртви…Образовен криминал и познатите соучесници во образованието во сите степени и оние од т.н. Концепти за базичното образование  и „Царовското“ арогантно туркање на дигиталните учебници и она што е важно и остава простор на надлежните органи за криминал и корупција за тоа како ќе се трошат парите кои ќе се поделат или се доделени од Светска банка?!. Секојдневни скандали од рекети не еден туку повеќе, наркомафијаштво, злоупотреба на тендери во институциите. Скандалите во МВР, со издавање на пасоши, лични карти, изводи на родени на криминалци на балканот и пошироко. Скандал кој го откри опозицијата во Македонија. Меѓународниот скандал во високото образование и молкот на Агенцијата за квалитет на високото образование и нивните Одбори за акредитација и евалуација. Потфрлање и селективно правосудство поставување сомнителни и партиски луѓе во организирани криминали и слично. Со еден збор хибриден криминален режим, за жал, тоа се случува во моја Македонија. 

Само за неколку дена по објавувањето на книгата МАКЕДОНИЈА СО ХИБРИДЕН КРИМИНАЛЕН РЕЖИМ, моите пишувања, анализи ги потврди и Меѓународниот републички институт (ИРИ) кој истакнува, дека: „ дури 76 проценти  од граѓаните немаат доверба во судството“, а според, како што изјавува Билјана Ивановска, претседател на ДКСК, меѓу другото истакнува: „…според резултатите од истражувањето на Балканскиот Барометар  за 2021 година спроведен  од Регионалниот совет за соработка е утврдено дека 81,1 посто од граѓаните сметаат дека судството е најкорумпирано…“.

Трагикомичниот претседател на скопскиот Кривичен суд Иван Џолев, смета според него:„…вината за корупцијата не треба да се бара само кај функционерите, туку и кај граѓаните. Џолев јавно откри дека и нему му нуделе мито…“. Ако е така, Иване, проговори јавно, кои се тие личности, во спротивно си соучесник во криминалот и корупцијата. Во нормална и правна држава веднаш треба да си поднесиш оставка. И да се најдеш таму каде што ти е местото.

Веднаш после Иван се јавува министерот за правда Маричиќ, кој го „прочисти судството“, а тој сам се прочистил со „ЛИНЕКС“  и ја убедува правната фела дека: „ Владата активно работи да се спречат сите обиди за изигрување на правдата“. Не му забележувајте, детево е во некој невладин сон. Трагикомично.

После ова се јавува Вицепремиерот за корупција и криминал Љупчо Николовски, објавува дека:„…собрал документација за можен криминал во Боречката и Скијачката федерација на Македонија и ја доставил до ЈО“. Ова е отворен притисок кон спортските федерации на Македонија да ги променат своите имиња. После „путерот ова е големо откритие“???. 

За ваквите, таргикомичности, со право, се чудеа и се чудат,како што укажуваа и укажуваат поранешниот француски амбасадор Кристијан Тимоние, како и сегашниот холански амбасадор во Македонија  Дирк Јан Коп за коруптивноста и криминалот во високите ешалони на извршната, законодавната и судската власт.

Почитувани читатели, за мене Вие сте најголемите критичари и вашата оценка е најмеродавна, а не оние што владеат и само декларативно се залагаат за правата на граѓаните и правната сигурност во Македонија.

Тие, реално се загрижени само за своите интереси, тендери, рекети, марихуани, криминал, корупција и непотизам. Нив не ги интересира Македонија и интересот на народот во Македонија.

Заедно во борба против криминалот и корупцијата!!!