Левица: Проширување на Презедиумот на Партијата
Соопштение на политичката партија Левица
На вчерашната седница на Президиумот на #Левица, како највисок политичко-егзекутивен орган на Партијата, донесена е одлука за проширување со кооптирање на двајца нови членови на Президиумот, и тоа:
АМАР МЕЦИНОВИЌ досегашен координатор на Секторот за медиуми и односи со јавноста и тековен портпарол на Партијата. Од 2021 година избран за советник во Советот на Град Скопје.
м-р АЛЕКСАНДАР СИМОНОВ досегашен координатор на Секторот за надворешна политика. Од 2021 година избран за советник во Советот на Општина Свети Николе.