Парадоксот на светските кризи

  • Фејсбук статус на Јулијана Штрковска – Колариќ, координатор на Левица Сектор финансии

Здравствената, енергетската и економската криза не ги погоди сите подеднакво, напротив богатите станаа побогати, а сиромашните сè посиромашни. Социјалната нееднаквост не е природен закон, таа е наметната присилно од владејачката класа, на која ѝ одговара постоењето на големи класни разлики и социјална раслоеност. Во најголемата светска криза, имуни се голем дел од компаниите, не само на глобално ниво, туку и кај нас и тоа во дејности каде што енормно се покачуваат цените на нивните производи и услуги.

Овие поскапувања не се воведуваат за покривање на загуби, туку за да профитираат уште повеќе, иако, ќе се согласиме дека е крајно неетички компаниите за нафта и гас да прават рекордни профити во оваа енергетска криза на грбот на најсиромашните луѓе и заедници. Кога цените растат, се појавува ефектот на запчаник. Со слободната конкуренција постои флексибилност на цените: тие во зависност од понудата и побарувачката растат или паѓаат. Но, цените брзо и значајно растат, а споро и малку се намалуваат, затоа што како запчаникот што се движи во еден правец, но се блокира во друг обратен, така и пазарните цени.

Компаниите на Fortune Global 500 остварија приходи во вкупна вредност од 37,8 трилиони долари – повеќе од една третина од светскиот БДП – за зголемување од 19% во однос на минатата година, што ја означи највисоката годишна стапка на раст во 33-годишната историја на листата. Кумулативниот профит е зголемен за 88% во однос на минатата година, за рекордни 3,1 трилиони долари. Компаниите на списокот за 2022 година вработуваат 69,6 милиони луѓе ширум светот и се со седиште во 229 градови и 33 земји и региони ширум светот.

Според Извештајот на Македонска берза за финансиските резултати на котирани друштва, од 94, 72 оствариле.
Профитите растат, поради зголемувањето на цените и поскапувањето на кредитите и провизиите во банкарскиот сектор, а цехот ќе го плати народот. Ќе биде голем и трагичен. Антикризни мерки нема, се најавуваат даночни реформи дури за следната година. Потребни се реформи веднаш и во секоја сфера, а сивата економија да се сведе на минимум.

Прогресивното оданочување мора да се воведе повторно и овој пат не само на данокот од доход, туку и на добивката, на имотот и на луксузните добра. Меѓутоа, приходите и да растат, ако криминалот и корупцијата не се казнуваат, ниту најсовршената реформа нема да ја врати економијата на вистинскиот пат – долгорочен одржлив раст и развој.