На денешен ден од страна на фашистичкиот окупатор е извршен масакрот кај Д’мбени
- Објава на Движењето за социјална правда Ленка
Во 1941 година кога се приклучила на страната на германско-италијанските окупатори, владата на Грција ја напуштила земјата и се засолнала во Англија и други места, додека народот се кренал против окупаторот под борбеното знаме на Комунистичката партија на Грција.
Македонскиот народ заедно со грчкиот народ се активирале во борбата и жртвувале многу животи за ослободување на својата земја. Едно од македонските села кое многу придонело во борбата за ослободување било селото Д’мбени – Костурско. Народот што живеел таму, добро школуван во патриотски и револуционерен дух, од првите денови на окупацијата почнал да се подготвува за национална борба.
Штом се вратилe од албанскиот фронт, младите од Д’мбени, одговарајќи на повикот на Партијата за организирање на национална борба, веднаш почнале да го собираат оружјето што било оставено по грчко-италијанската војна.
За кратко време тие собрале голем број оружје. Оваа активност бла забележана од страна на италијанските окупаторски сили. Специјален италијански истражен баталјон пристигнал во Д’мбени и создал терор во селото, мачејќи ги луѓето. Уапсени биле 20 лица, од кои повеќето млади, членови на ОКНЕ (Организација на комунистичката младина на Грција) и КПГ
ВЕЧНА СЛАВА НА ХЕРОИТЕ:
Наум Џурков (или Журков), роден 1921 година, член на ОКНЕ;
Никола Шекров, роден 1921 г., член на ОКНЕ;
Наум Москов, роден 1914 година, член на ОКНЕ;
Живко Кенков, роден 1914 г., член на ОКНЕ;
Христо Андриовски, роден 1914 година, член на ОКНЕ;
Анастас Скевидов (Стасо Скивински), роден 1916 година, член на грчката комунистичка партија.