Проблемот со Бугарија не започна со ДПМНЕ и СДССМ (Врховистичко)

Статус на Саше Јанчев – член на Централен Комитет на Левица.


Читам ЕУ немало да се меша во спорот помеѓу Македонија и Бугарија. Ај вака едностано, што се вика, да нацртам.

1. Проблемот на Македонија со Бугарија, Грција, Албанија и Србија не започна со ДПМНЕ и СДССМ (Врховистичко). Проблемот е стар 150 години. Еве и со букви за идиотите кои мафтаа со знаменца за европска Македонија и кои викаа дека проблемот е во претходната влада, СТО И ПЕДЕСЕТ ГОДИНИ! За да можеш да го решиш треба да знаеш што се случувало во тие 150 години. Затоа тиквари, трговци поединци, кои книга немаат фатено во животот и се што знаат е како да купат нешто за поевтино и да заебат некој и да му го продадат за поскапо, НЕ МОЖАТ ДА ГО РЕШАТ ПРОБЛЕМОТ. Затоа од тиквари, трговци поединци, не бива државници.

2. Проблемот странски сили никогаш не го решавале! НИКОГАШ! Напротив, го спонзорирале и разгорувале. Да преведам, нема никој од горе да дојде да го реши, НИЕ треба да го решиме, ама не со тиквари и вака тикварски како сега оти со тоа само се влошува.

3. Проблемот лежи во завојувачката, империјалистичката политика на соседите кон Македонија. Крајна цел на соседите не е идентитет, име, врагови, богови. Крајна цел е, и секогаш била, ТЕРИТОРИЈАТА. Кој поголемо парче ќе земе. А на големите сили, и на ЕУ, им се прди за име, идентитет, право, правда, економија и какви се границите. Битно им е на терен да биде мирно и локалните владетели да бидат нивни слуги. ТОЛКУ.

Ете така торковци европско, прогресивно, северџанско, либерални. За европска Македонија а? Не бе за вас трло, само трло и тоа со малоумен овчар. Оти поголеми овци од вас здравје.