Стефановска: Зошто Левица ја нема на МРТ?

  • Став на Јована Стефановска

За Македонската радио телевизија во 2023 согласно табелата од буџетот се одделени над една милијарда денари, односно преку 16 милиони евра. Дали можда грешам? Погледнете ја табелата и линкот даден во коментар.Како јавен сервис треба да известуваат непристрасно и да едуцираат.


Ако известуваат непристрасно, тогаш зошто не известуваат воопшто за работата на Левица ? – Затоа што на новинарите им е забрането. Кој им забранува? Политичките структури поврзани со олигарсите. Зошто им забрануваат? Затоа што се смртно исплашени дека Левица е непоткуплива партија и дека ќе им стави крај на нивните криминали.


Се додека имаме медиуми кои го штитат криминалот и народ кој е подложен на медиумска манипулација и пропаганда нема да се извлечеме од “живата кал” во која потонавме.