Левица обезбеди 1.500.000 денари за образовни асистенти во средните училишта

Советничката од Левица во Град Скопје Катерина Јовановска, на својот фејсбук профил соопшти дека на денешната расправа за ребаланс на буџетот, Левица интервенирала со амандман преку кој барале дополнителни 1.500.000 денари за образовни асистенти во средните училишта кои работат со децата кои имаат попреченост.

„Преку амандман, ние советниците од Левица, обезбедивме дополнителни средства во износ од 1.500.000 денари наменети за образовни асистенти во средните училишта!

Средните училилишта во Скопје се соочуваат со сериозен дефицит на образовни асистенти кои се неопходни за инклузија на децата со попреченост во образовниот процес.

Затоа сметаме дека со обезбедување на дополнителни средства за оваа намена и со зголемување на надоместокот на образовните асистенти кој сега изнесува 9.000 денари, ќе се стимулира зголемување на бројот на образовните асистенти и дека конечно секое дете со попреченост во средните училишта во Скопје ќе добие образовен асистент.“