CNN го нарече Стево Пендаровски „северномакедонски“ претседател

Американскиот премиум медиум, CNN, го наведе Стево Пендаровски како „Северномакедонски“ претседател. Оваа изјава доаѓа по серијата изјави од страна на францускиот претседател, Емануел Макрон, каде бевме декларирани како „Северномакедонци“, при што го доставија фамозниот француски предлог за решавање на македонско-бугарските односи.

За да ги омекнат и неутрализираат интернационалните ставови за ословување на македонскиот народ, дел од нашите владини претставници изјавија дека станува збор за недоразбирање, но, во меѓувреме го поткопаа прашањето за нашиот идентитет уште повеќе. Пример за тоа е скорешната изјава на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој изјави:

Вообичаено, какво е името на земјата, така се нарекуваат и жителите“.

Од друга страна, сведоци бевме на бугарскиот премиер во заминување, Кирил Петков, кој исто така употребува слична придавка кој го изјави следното за францускиот предлог:

Северномакедонските партии протестирале против францускиот предлог кој е голем успех за бугарската влада. Ако C. Македонија се согласи со францускиот предлог, во Уставот на C. Македонија ќе влезат Бугарите пред да почне преговарачкиот процес. Второ, имаме јасни контролни механизми за говорот на омраза и за дискриминацијата. Трето, имаме многу јасни дефиниции за историските факти и образованието во училиштата во C. Македонија“, изјави тој.

Секојдневно се разгорува и така вжештената ситуација со македонскиот идентитет од повеќе страни што се декларираат како наши сојузници и пријатели. Со тоа што, во овие моменти е очигледно дека кампањата за нормализирање на терминот „северномакедонски“ е во полн ек.

Дали ќе успеат таа пропаганда да ја протнат кај македонскиот народ за полесно да го голтне планираното предавство?