Апасиев најави скандали за претседателот на полициски синдикат
Пред неколку дена пензионираниот виш просветен инспектор Ѓoрѓи Илиевски, објави текст во кој посочи на низа неправилности и прекршувања на регулативата која се однесува на високото образование. Во истата анализа дел од имињата беа директно посочени, а дел индиректно можеа сами да се препознаат. Иако, веројатно и едните и другите се свесни за прекршоците и непочитувањето кон регулативата што го прават.
Денес, пратеникот од редовите на Левица, Димитар Апасиев, директно посочи дека Претседателот на Македонскиот полициски синдикат, д-р Марјан Кицев е незаконски избран во редовно звање „професор“ на приватен универзитет. Во објавата на својот Фејсбук профил тој напиша:
„Виш просветен инспектор во пензија тврди дека претседателот на Македонски полициски синдикат – д-р Марјан КИЦЕВ е незаконски избран во редовно звање „професор“ на еден приватен универзитет, иако тоа – согласно Законот за високо образование – не е дозволено, бидејќи типов веќе работи во Министерство за внатрешни работи!
Но, тука не е крајот на приказнава. Овој „доктор“, кој последнава недела ни делеше недоквакани лекции по полициско право и неумоливо го бранеше неговиот надреден министер (што руча на државна сметка со обезбедување), да ти бил и член на уште три-четири државни тела/одбори!?
Епаааа, друже – ти си печен за кејс пред Државен просветен инспекторат и пред Антикорупциска!
p.s. Спремај си документите, оти ќе ја праиме големата магија.