74 години од почетокот на Егејскиот егзодус

На денешен ден навршуваат 74 години од геноцидот врз македонското население во Егејска Македонија од страна на Британското воено воздухопловство, кое користеше напалм бомби, со цел да ги истера Егејците од нивните вековни огништа. Со тоа принудија многу деца и жени да го изодат горчливиот и макотрпен пат кој беше подолг од 100 километри и траеше цели осум дена, без храна, вода и облека што би можела да ги заштити од лошото и студено време.


Ваквата хуманитарна катастрофа од огромни размери се уште се третира како јавна тајна, додека грчката политика е „замрзната“ по ова прашање, налик на опкружувањето во филмовите на Тео Ангелопулос. Дотолку повеќе што, поголемиот дел од грчката политичка елита не само што воопшто нема направено никакви напори за исправување на оваа вековна неправда или барем да упати какво било извинување кон потомците на прогонетите, туку и до ден денес продолжува со своето насилничко однесување и негирање на македонскиот народ, јазик и култура. Најнов доказ за тоа е погубниот „Преспански“ договор, со кој дополнително се уриваат темелите на нашата држава.


Можеби во некоја блиска (или далечна) иднина сите ние ќе сватиме дека во војната нема победници, а злоделата направени во име на истата нема никогаш да бидат заборавени.