Зеќирај го обвини Ахмети дека помогал во елиминација на потенцијални сведоци во Хашкиот трибунал

Идриз Зеќирај е публицист, кој објавува истражувања во косовскиот весник „Бота сот“. Една од областите на негов интерес се и политичарите во Македонија и нивната релација со Косово. Во една од своите последни, објави тој ја нагласи можноста дека Почесниот доктор на науки и лидер на ДУИ, Али Ахмети, помогнал во елиминацијата на некои лица кои биле потенцијални сведоци во Хашкиот трибунал. Според објавената статија, тоа било направено преку нивното учество во судирот помеѓу македонската специјална полиција и припадниците на оружената група Албанци, инфилтрирана од Косово, кој се случи во мај 2015-та година.

За „Бота сот“, Зеќирај пишува дека случајот во Куманово 2015-та сѐ уште останува нерешена енигма. Тој вели дека „помеѓу младите невини момчиња, дел на акцијата беа и некои луѓе силно инкриминирани на Косово поради криминали и ограбувања. Медиумите во 2015 година обвинија дека некои од нив во злосторствата и службените кражби тепале и ограбувале за сметка на своите партиски шефови, команданти – зулумќари.“ Заќирај обвини дека Али Ахмети им дошол на помош на своите колеги – партиски лидери, за да се елиминираат некои од оние, кои беа можни сведоци во Хашкиот трибунал.

Овие обвинувања не се единствените упатени кон Ахмети и неговата партија ДУИ, која од 2006 година е дел од секоја влада во Македонија. Идриз има посветено посебна статија на Ахмети во „Бота сот“ насловена „Доказите за вмешаноста на Али Ахмети во убиството на браќата Грвала. Во оваа статија тој пишуваше за убиствата на браќата Јусуф и Барош Грвала и Кадри Зека. „Косово сѐ уште нема отворено истрага за атентатот пред 40 години во Германија врз тројцата албански херои – браќата Јусуф и Бардош Грвала и Кадри Зека. Во врска со него имаше многумина осомничени, меѓу кои е и претседателот на ДУИ Ахмети. Се поставува прашањето: дали може и Ахмети да биде подложен на истрага во Косово во врска со неговата вмешаност во ова убиство?“

Според Зеќирај „сомнежите се зголемиле кога лидерот на ДУИ го зел како свој политички советник главнообвинетиот за убиството на браќата Грвала и на Кадри Зека“, во статијата тој додава: “Ова беше сфатено во смисла дека тие имаат криминална меѓузависност за прашањето за кое станува збор. Значи, дека злосторството ги поврзува.“ Зеќирај побара од Владата на Косово истрага за убиството на Јусуф и Бардош Грвала и на Кадри Зека: „Откривањето на вистината за овој случај од народот на Косово и Албанија се чека многу долго.“

Инаку новинарот има објавено и неколку дополнителни истражувања во кои се анализираат бројни сомневања во врска со Ахмети, неговите влегувања и излегувања од Косово, поради кои беше наречен „скитник што се искупил“.

Во една од претходните статии посветени за лидерот на ДУИ, весникот „Бота сот“ тврди дека „Ахмети бил дел од Претседателството на Народното движење на Косово, кога Хашим Тачи со кланот од Дреница и во координација со официјална Тирана направи пуч внатре во Народното движење, во дијаспората, за да ја саботира војната на Косово.“