„Ќе висите заедно“ порака од Апасиев до функционерите предлагачи на законите за Бехтел и Енка

На денешната пленарна Седница во Собранието на Република Македонија беа предлог измените на т.н. закони за „Бихтел и Енка“, кои по своја природа се спорни, противуставни и сериозно ги нарушуваат работничките права.

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев на говорницата се појави со маица „Ќе висите заедно“ со која на актуелните политичари на власт им испрати јасна порака, за тоа што ќе следи по падот на оваа Влада, доколку поминат овие законски измени со кои се овозможува реализирање на еден од најголемите криминали во историјата на државата.

Многу негови следбеници на социјалните мрежи почнаа да ја споделуваат оваа фотографија.