Изложбата “Средновековен накит од Тиквеш” во Музејот на Град Неготино

На 17 Ноември (петок) , со почеток од 13:00 часот во изложбениот салон на Музеј на град Неготино ќе се отвори изложбата “Средновековен накит од Тиквеш”. Сите љубители и почитувачи на културното наследство ќе можат да ги видат средновековните форми на накит од Тиквеш.

Изложбата е во организација на Музеј на град Неготино заедно со ЈНУ Институт за старословенска култура Прилеп, Дом на културата “Мирка Гинова” – Демир Капија и Археолошкиот музеј на Македонија.