НР Кина разочарана од ветото на САД за „хуманитарна пауза“ и заштита на палестинското население

НР Кина е „длабоко разочарана“ од одлуката на САД да стават вето на резолуцијата на Советот за безбедност на OОН, која повикува на „хуманитарна пауза“ во конфликтот помеѓу Израел и Хамас.

„НР Кина е длабоко разочарана од попречувањето на САД на усвојувањето на нацрт-резолуцијата за палестинското прашање од страна на СБ“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг.

Тој го повика Советот за безбедност „да ја одигра својата улога во постигнувањето примирје и запирање на војна“.

САД ставија вето на резолуцијата, која не го признава правото на Израел да се брани.