(Фото) Директорка на училиште ги тера вработените да го измијат нејзиниот приватен автомоби

  • Реакција на Левица – ЛО Аеродром

Не прекинуваат скандалите во ООУ ,,Лазо Ангеловски”. Откако општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски го сменија претходниот директор по низа скандали и на негово место ја донесоа новата директорка Магдалена ПЕТРЕСКА, повторно стигнуваат информации за уште еден скандал.

До Левица пристигнаа поплаки дека директорката Магдалена Петреска ги понижува и омаловажува вработените во ООУ „Лазо Ангеловски“. Имено, оваа директорка го паркира својот автомобил пред училиштето и им наредува на вработените-хигиеничарки во школото за време на своите работни задачи и за време на своето работно време да земат кофи вода и четки и да го измијат нејзиниот приватен автомобил.

Според Закон за заштита од вознемирување на работно место:

„Забранет е кој било вид на вознемирување на работно место, како и злоупотреба на правата на вознемирување на работно место.“ Вработените хигиеничарки немаат во своите работни задачи да го чистат и „полираат“ авомобилот на директорката!

Бараме од градоначалникот Муцунски целосно да го испита случајот и да спроведе соодветна постапка за да ги заштити вработените во училиштето!