25% од родените во Македонија се иселени

Над 600 илјади државјани живеат надвор од државата, а Македонија е земја која ја има една од најголемите дијаспори во светот споредено со бројот на жители родени во земјава.

Останува и фактот дека оваа бројка е уште поголема, бидејќи практично е неможно да се пребројат сите оние кои се иселиле. Додека пак фалсификуваниот попис кој овозможуваше еден член на семејството да ги попише сите останати како резидентнтно население, имаше за задача да ги сокрие овие бројќи, со цел да не биде констатирана катастрофалната политика водена од актуелните власти.

Но и при спроведување на еден ваков спорен попис во Македонија, не можае да се сокрие фактот дека македонската дијаспора е во водечките десет во светот. Од државате се иселени околу 25% од граѓаните родени овде, а ова е потврдено и од глобалните податоци на Еуроактив. Во оваа статистика не влегува сезонската миграција поради работа во странство, каде најчеста дестинација за македонските работници се Италија или Хрватска.

Во анализата објавена од Форбс, се наведува дека Балканот е еден од водечките регионите чии земји бележат најголеми дијаспори.

Така, процентуално со бројот на жители, втора најголема во светот е онаа на Босна и Херцеговина со 34 отсто отселени, а со масовно иселување е соочена и Албанија, која се наоѓа на третото место на листата со 30,7 проценти нејзини граѓани кои во моментов живеат во странство.

Водечка во светот во оваа категорија е карипската нација Гвајана.