(Видео) Апасиев: Корупцијата се решава со нови политичари – за САД сме полу-протекторат

  • Изјава на Претседателот на Левица, Димитар Апасиев

„ДУИ не е партија, тоа е мафија. Тоа се кланови преку кои функционира сиот шверц. СДС функционира како парадржава, и парадоксално, дента кога беше тука тимот за санцкии од САД, се обелодени аферата за сопругата на премиерот, како пример на класична висока корупција. Нивното доаѓање е само фасада и нема што да очекуваме од тоа.

Тоа се впрочем домашни работи, и уште не дознавме дали тој тим е повикан или дојде од САД по нивна иницијатива. Во двата случаи е поразително, и да е по наше барање. Доколку не е, тогаш ние сме и формално-правно полу-протекторат и немаме капацитет да одлучуваме за внатрешните прашања.

Корупцијата нема да ја решат оние кои ја создаваат. За тоа се неопходни нови дечки и нова генерација на политичари која ќе дојде на валст, бидејќи корупцијата не се решава од опозиција.“