MTСП да почне системски да ги решава проблемите на лицата со попреченост

  • Реакција на Левица Град Скопје.

Министерството за труд и социјална политика продолжува со трендот на водење на евтини маркетинг кампањи, наместо системско решавање на проблемите на лицата со попреченост. Неодамна, министерката Јованка Тренчевска истакна дека преку цивилини организации обезбедиле средстава за опремување на 17 инвалидски колички со електромоторни додатоци.

Ако се земе во предвид фактот дека само Левица преку своите советници во Советот на Град Скопје, преку амандмани на Буџетот за 2022 година обезбедија дополнителни средства во износ од 1.000.000 денари, со кои што ќе се опремат околу 250 инвалидски колички со електрични додатоци, јасно е дека МТСП не се залага воопшто за системско решавање на проблемите на лицата со попреченост, туку за жал продолжува и понатаму овие лица да ги користи за евтин PR.

Лицата со попреченост се на маргините на општеството и се соочуваат со огромни проблеми. Потребни се големи реформи и промени, со цел на овие лица да им се помогне и да им се олесни нивното секојдневие.

Левица преку своите пратеници во Собранието на Република Македонија и преку советниците во советите на општините ширум Македонија, досега имаат превземено низа активности со цел да се подобри состојбата на лицата со попреченост.

Советниците на Левица во Советот на Град Скопје, преку амандмани обезбедија дополнителни 5.000.000 денари за Одделението за социјална, детска и здравствена заштита од кои:

-1.000.000 денари се наменети за опремување на инвалидски колички со електромоторни погони (додатоци) за инвалидски колички;
-2.000.000 денари за подддршка на домување на возрасни лица со попреченост и
-2.000.000 денари за опремување на сензорна соба за лицата со аутизам.