Левица ги натера платениците на СДСМ да ги бранат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ

Изминатите неколку недели една од најактуелните теми е повторното енормно загадување на воздухот, кое, достигна ненормални размери во периодот на празниците, а Скопје константно е помеѓу најзагадените градови во светот.

Имено, од советниците на Левица во Општина Аеродром и во Општина Кисела Вода, протече информација дека претходно се поднесувани иницијативи за поставување на мерни станици околу најголемите загадувачи во државата, за што немала соодветна реакција, каде градоначалниците се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Муцунски односно Ѓорѓиевски.

Како причина зошто се саботираат ваквите иницијативи на партијата, а градоначалниците наместо да застанат во одбрана на народот кој секојдневно се труе, тие релативизираат, без конкретна критика или чекори во надминувањето на овие проблеми тие ги наведуваат ситните донации кои ги добиле Општините на чие чело стојат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Откако на оваа тема се создаде голем револт кај граѓаните и се појавија бројни реакции, во помош на „провмровските“ медиуми, кои не можеа да ја одбранат аргументацијата на градоначалниците како изговори за загадувањето, се вклучија и „медиумите“ за кои се смета дека се финансираат од странски фондови и важат за исклучително блиски до СДСМ.

Вклучувањето на блиските медиуми на СДСМ, во битката помеѓу советниците од Левица против градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, на страната на градоначалниците не остана не забележана од лидерот на партијата Апасиев, кој кратко напиша:

Која е моќта на Левица? – Да го натера алкосот Џабе Дерала и цел тим на сороспиите од “Цивил” да го бранат ДПМНЕ.