Цензура на фејсбук – блокирани објавите на Russia Beyond во Македонија

„Фејсбук“ од синоќа ги ограничи можностите за споделување на нашите содржини, со исклучок на фотографиите и видеоприлозите, повикувајќи се на новите правила што се воведуваат спрема Австралија, како резултат на спорот што настана меѓу „Фејсбук“ и австралиските медиуми.” – стои во објавата на македонскиот портал Russia Beyond.

Од таму дополнуваат дека порталот не е базиран во Австралија, туку во Москва, и дека истиот не е поврзан со забраната за читање и споделување на содржината на вестите на својот њузфид на австралискиот континент. Сепак, санкциите на некој необјаснив начин го погодија и овој портал во Македонија.

„Во исчекување на подобри времиња ве повикуваме да ги следите нашите содржини ДИРЕКТНО на порталот RUSSIA BEYOND МАКЕДОНИЈА. Ние секако и понатаму ќе продолжиме да ги споделуваме нашите статии преку „Фејсбук“, но тоа ќе бидат само фотографии со линкови преку кои можете да преминете на нашиот сајт.” – се наведува во нивната објава.