Убиен на денешен ден од бугарскиот окупатор – Раде Јовчески Корчагин: „Еве ти ја слободата”

Статус на пратеникот Борислав Крмов.


На денешен ден 1943 година е убиен народниот херој Раде Јовчевски-Корчагин, од страна на бугарскиот фашистички окупатор.

Тој и уште неколку другари предадени, се нашле опколени во куќа во денешното Маџир маало. Во обид да се извлече од обрачот, при прескокнување на ограда паднал и бил тешко ранет. Бил усмртен од зад грб од бугарската полиција со извикот: „Еве ти ја слободата“. Слава му!