Фудбалерите на Лестер ја славеа титулата со знамето на Палестина

Со минималната победа од 0-1 благодарение на голот на Тиелманс, фудбалерите на Лестер Сити ја совладаа екипата на Челзи со што за прв пат во клубската историја го освоија трофејот во ФА Купот.

И додека во Лондон се играше финалето, воените сили на Израел продолжија со гранатирањето на Палестинските населби. Токму поддршката за палестинскиот народ не изостана од натпреварот.

По завршниот свиреж на судијата Мајк Оливер, фудбалерите на Лестер Сити, Хамза Чудури и Весли Фофана го истакнаа знамето на Палестина како поддршка на палестинскиот народ.

Овој чин предизизвка голем интерес кај јавноста, а наиде на бројна поддршка. Хусам Зомлот, амбасадорот на Палестина во Велика Британија со писмо адресирано на Лестер Сити им се заблагодари за гестот.

„Дозволете ми во името на палестинската влада и народ да изразам огромна благодарност што во вашиот момент на победа на ФА Купот, Хамза Чудури и Весли Фофана го искористија овој историски момент да покажат солидарност со палестинскиот народ” стоеше во писмото.

Претходно поддршка зразија и Ријад Марез, Пол Погба, Мохамед Елнени, Мохамед Салах, но и навивачките групи на Селтик, Делпортиво Палестино, Фенербахче и други.